Условната казна за Ивона Талевска ја потврди и Апелација

Скопска Aпелација ја потврди условната казна за Ивона Талевска и ја одби жалбата на СЈО. Единствено има промена во однос на паричната казна. Според апелационите судии паричната казна која била изречена како споредна казна, требало да биде изречена во евра со денарска против вредност, а не само во денари. Станува збор за казна од 1.000 евра. Талевска е обивнета за даночно затајување во предметот Тифани.

“Апелациониот суд Скопје, во врска со предметот познат во јавноста како „Тифани“, по одржана јавна седница донесе одлука со која ги одби како неосновани жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите Скопје, жалбата на обвинетата И.Т. и жалбата на обвинетото правно лице Друштво за маркетинг и пропаганда С. Г. ДООЕЛ.

По повод жалбите, а по службена должност Апелациониот суд Скопје ја преиначи првостепената одлука заради правилна примена на Кривичниот законик во делот на изречената споредна парична казна во однос на валутата во која истата е изречена. Во останатиот дел првостепената пресуда по спроведената жалбена постапка, е потврдена.”

извор: sudstvo.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави