Уставен суд ги поништи референдумите против рудниците на смртта во Босилево и Ново село (Струмичко).

ОДЛУКА
СЕ ПОНИШТУВААТ: Одлуката за распишување на референдум на локално ниво бр. 08-1 183/1, донесена од Советот на Општина Босилово на 20 јули 2017 година и Одлуката за распишување на референдум на локално ниво број 08-1229/1 донесена од Советот на Општина Босилово на 27.07.2017 и објавена во „Службен гласник на Општина Босилово” бр.б 1/2017.
З. Уставниот суд на Република Македонија, по повод иницијатива поднесена од Љупчо Колев во својство на градоначалник на Општина Босилово, со Решение У. бр. 105/2017 од 18 април 2018 година поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на одлуките означени во точката I од оваа одлука, бидејќи основано се постави прашањето за нивната согласност со Уставот и законот.
Ова го пишува во најновата одлука на Уставниот суд со која се поништуваат рефередумите за изјаснување на граѓаните околу отворањето на рудници за металични минерални суровини на територијата на општина Босилово. Судиите процениле дека Советот на Општина Босилово, спротивно на наведените закони, распишал локален референдум за прашање што не е во негова надлежност. Во продолжение целиот текст од образложението на судот зошто се поништуваат референдумите.

“Според член 56 од Уставот, сите природни богатства на Републиката, растителниот и животинскиот свет, добрата во општа употреба, како и предметите и објектите од особено културно и историско значење определени со закон се добра од општ интерес за Републиката и уживаат посебна заштита. Согласно ставот З на овој член од Уставот, со закон се уредуваат начинот и условите под кои определени добра од општ интерес за Републиката можат да се отстапат на користење.
Предметната иници.јатива подносителот во својство на тогашен градоначалник на Општина Босилово, ja поднел постапувајки според член 5 1 од Законот за локалната самоуправа, односно врз основа на своите надлежности да врши контрола на законитоста на прописите на советот пред нивното објавување.
Имено, согласно овдј член од Законот, ако градоначалникот смета дека прописот на советот не е во согласност со Уставот и законите, должен е во рок од седум дена од денот на доставувањето со решение да го запре неговото опјавување, со кое Ке ги образложи причините за запирањето. Советот е должен, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на решението од ставот I на овој член, да го разгледа решението и да одлучи по него. Ако советот го потврди прописот, градоначалникот е должен да го објави и истовремено да поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорениот пропис пред Уставниот суд на Република Македонија. За иницијативата од ставот З на ово.ј член градоначалникот е должен да го министерството надлежно за вршење на работите што се однесуваат на локалната самоуправа.
7. како облик на учество на граеаните во одлучувањето е уреден и со Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на гра{аните („Службен весник на Република Македонија” бр. 81/2005).
Според член 2 од наведениот закон, референдумот е облик на непосредно изјаснување на граганите во од лучувањето за одделни прашања од надлежност на Собранието на Република Македонија, за прашања од надлежност на општините, на Градот Скопје и на општините во Градот Скопје, како и за други прашања од локално значење.
Референдумот на локално ниво е уреден со посебни одредби од Законот (членови 36 – 44):
Според членот 36 од Законот, референдум на локално ниво распишува советот на општината, на Градот Скопје и на општините во Градот Скопје (во натамошниот текст: советот), по сопствена иницијатива и на предлог од најмалку 20% од гра{аните од општината, Градот Скопје и општините во Градот Скопје. Според ставот 2 на овој член, Советот може да распи-
ше референдум на локално ниво за прашања од негова надлежност за кои со закон е овластен да одлучува.
Согласно член 37 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граганите, одлуката за распишување на референдум на локално ниво се објавува во службеното гласило на општината, Градот Скопје и општините во Градот Скопје и преку средствата за јавно информирање на начин утврден со статутот. Од денот на објавувањето на одлуката за распишување на референдум во службеното гласило на општината, Градот Скопје и општините во Градот Скопје до денот на одржувањето на референдумот на локално ниво не можат да поминат помалку од 25 ниту повеКе од 40 дена.
Во членот 38 од Законот е определено дека pe(beрендум на локално ниво може да се распише за донесување пропис, за прашања што треба да се уредат во општината, Градот Скопје и општините во Градот Скопје (претходен референдум) или за преоценување на пропис што претходно е донесен (дополнителен референдум).
Во членот 40 од Законот се определени прашањата за кои не може да се распише референдум. Така според ставот 1 на овој член од Законот, референдум на локално ниво не може да се распише за прашања што се однесуваат на буџетот и завршната сметка на буџетот на општината, Градот Скопје и општините во Градот Скопје и за организацијата на општинската администрација. Согласно ставот 2 на истиот член од Законот, референдум на локално ниво не може да се распише за прашања за кои советот одлучува со мнозинство гласови од присутните членови на советот при што мора да има мнозинство гласови од присутните членови на советот кои припагаат на заедниците што не се мнозинско население во општината, Градот Скопје и општините во Градот Скопје.
8. Минералните суровини се предмет на уредување на Законот за минералните суровини („Службен весник на Република Македонија” бр. 136/2012, 25/2013, 93/2013, 44/2014, 160/2014, [29/2015, 192/2015, 39/2016, 53/2016, 120/2016, 189/2016)
Според член 4 од Законот, минералните суровини се добра од општ интерес, сопственост на Република Македонија, без оглед на сопственоста на земјиштето на кое се наогаат.
Согласно ставот З на овој член, одјавен интерес е:
– вршењето на детални геолошки истражувања и експлоатација на енергетските металични, техногените минерални суровини и термоминералните и термалните води и
– кога експлоатацијата на минералната суровина е од стратешко значење и е неопходна за реализација на проекти од јавен интерес утврден со друг закон. Минералните суровини од ставот З алинеја 2 на овој член ги определува Владата на Република Македонија.
Во членот 5 од Законот за минерални суровини е определено дека за остварување на целите и насоките за усогласено вршење на геолошките истражувања, експлоатацијата и одржливото искористување на минералните суровини, Владата на Република Македонија (во натамошниот текст: Владата) на предлог на министерот за донесува стратегија за геолошки истражувања, одржливо искористување и експлоатација на минералните суровини (во натамошниот текст: стратегијата) за период од 20 години. Со стратегијата се определува обемот и начинот на реализација на основните геолошки истражувања, одржливото искористување и потребите за експлоатацијата на минералните суровини кои се од битно значење за развојот на стопанството на Република Македонија.
Согласно членот 36 од Законот за минералните суровини, право за вршење на експлоатација на минерални суровини се стекнува со добивање на концесија за експлоатација на минерални суровини. Концесија за експлоатација на минерални суровини доделува Владата на Република Македонија (во натамошниот текст: концедент). Право за добивање на концесцја за експлоатација има секое правно лице, вклучувајКи ги и странските правни лица со подружница запишана во Централниот регистар на Република Македонија, а кои ги исполнуваат условите пропишани со овој или со друг закон.
Одредбата од членот 36 понатаму е разработена во членот 45 од Законот, согласно кој одлука за доделување на концесија за експлоатација на минерални суровини ја донесува Владата на предлог на органот на државната управа надлежен за работите од областа на минералните суровини.
Во членот 46 од Законот за минерални суровини е определено дека врз основа на одлуката за доделување на концесијата за експлоатација на минерални суровини, концедентот и концесионерот склучуваат договор за концесија за експлоатација на минерални суровини. Во име на концедентот, договорот за концесија за експлоатација на минерални суровини го склучува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на минералните суровини во рок од 15 дена, сметано од денот на влегувањето во сила на одлуката за доделување на концесиЈата.
Согласно членот 50 од Законот за минерални суровини, во случаите на престанок на важење на концесијата за експлоатација (поради истек на рокот за кој била дадена концесијата, како и во случај на стечај или ликвидација на концесионерот) Владата на предлог на органот на државната управа надлежен за работите од областа на минералните суровини донесува одлука за престанок на важење на концесијата за експлоатација.
Владата исто така, одлучува за еднострано раскинување на договорот за експлоатација на минерални суровини согласно членот 51 од Законот.
Според член 53 од Законот, со експлоатација на минерални суровини и изведување на рударски работи може да се започне откако концесионерот Ке добие дозвола за експлоатација на минерални суровини. Дозволата од ставот I на овој член ја издава органот на државната управа надлежен за работите од областа на минералните суровини.
Во сите постапки уредени со Законот за минерални суровини, определено учество имаат и единиците на локалната самоуправа и тоа учество се состои во давање мислење до органот на државната управа надлежен за работите од областа на минералните суровини, кој согласно законот, е должен пред донесување на конечната одлука задолжително да побара мислење и од единицата на локалната самоуправа на чија територија се наогаат минералните суровини. Таква обврска е предвидена во член 14 став 4 (Постапка за доделување на концесцја за вршење на детални геолошки истражувања), член 19 став 12 (Проширување на концесија за вршење детални геолошки истражувања), член 26 став 8 (Постапка за издавање на дозвола за вршење на детални геолошки истражувања), член 41 став 4 (Доделување на концесија за експлоатација по пат на јавен повик), член 42 (Доделување на концесија за експлоатација на минерални суровини по барање од заинтересирано лице), член 43 став 9 (Доделување на концесија за експлоатација на песок и чакал) итн.
Во однос на надлежностите на локалните власти vis-a-vis централната власт, релевантна е одредбата од членот 4 на Европска повелба за локалната самоуправа, според која локалните власти во рамките на законот имаат целосна слобода да ја остваруваат својата иницијатива во поглед на работите кои не се исклучени од нивната надлежност и кои не се дадени во надлежност на некоја друга власт.
9. Од наведените одредби на Уставот на Република Македонија произлегува дека референдумот е еден од облиците на остварување на власта на гра{аните и дека локалната самоуправа е темелна вредност на уставниот поредок. Уставната положба на локалната самоуправа понатаму е уредена со Амандманот XV II на Уставот, кој ги утврдува областите за кои е надлежна локалната самоуправа, дефинирцјКи претходно дека станува збор за прашања од локално значење за кои гра{аните можат да одлучуваат непосредно и преку претставници.
Уставните надлежности на локалната власт понатаму се разработени во Законот за локалната самоуправа кој јасно го утврдува принципот на супсидијарност, определувајКи дека општините ги вршат работите од јавен интерес од локално значење, што не се исклучени од нивна надлежност или не се во надлежност на органите на државната власт. ПоатјКи од оваа општа определба дека општините се надлежни за прашања од локално значење, а не и за оние за кои е надлежна централната власт, и одредбите од Законот за локална самоуправа и Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на гра{аните, произлегува дека правото на гра{аните да одлучуваат преку референдум е лимитирано на прашања од надлежност на општината, односно на прашања од локално значење за кои советот на општината е овластен да одлучува.
Во однос на прашањето за експлоатација на минерални суровини, од наведените одредби од Уставот и Законот за минерални суровини произлегува дека минералните суровини како природно богатство претставуваат добра од општ интерес за Републиката кои се во сопственост на Републиката, без оглед на сопственоста на земјиштето на кое се нао{аат. Значи независно од фактот што минералните суровини се наоеаат на земјиште што се наога на територијата на единицата на локалната самоуправа, тие се во сопственост на државата, односно Републиката. Токму од тие причини, имајКи го предвид фактот што одделни минерални суровини можат да имаат и стратешко значење за развојот на стопанството, за нивната експлоатација согласно наведените одредби од Законот за минералните суровини, одлучува Републиката односно органите на државната власт, а не органите на локалната самоуправа. Владата е таа која ги определува минералните суровини што се од стратешко значење. таа донесува стратегија за геолошки истражувања и за искористување и експлоатација на минерални суровини, доделува концесија за нивно искористување, дава дозвола за експлоатација на минерални суровини и одлучува за раскинување на договорот за концесија.
Во конкретниот случај Советот на Општина Босилово со оспорените одлуки распишал референдум за подрачјето на општината заради изјаснување на граќа ните по прашањето за отворање на рудници за металични минерални суровини на територијата на општина Босилово, врз основа на иницијатива на 20% од регистрираните гласачи. На биле поставени две прашања: 1. Дали сте ЗА или ПРОТИВ за отворање на рудникот за бакар и злато „Иловица”? и 2. Дали сте ЗА или ПРОТИВ отворање на рудници и рударски комплекси за металични минерални суровини на територијата на Општина Босилово?
Иако во двете одлуки како правен основ за нивното донесување се наведени одредбите од членовите 25, 26 и 28 од Законот за локалната самоуправа и членовите 6, 37 и 81 од Законот за и други облици на непосредно одлучување на граёаните, од наведените одредби од двата закони неспорно произлегува дека локален референдум може да се распише само за прашања од надлежност на општината, односно за прашања од локално значење. Притоа прашањето за експлоатација на минерални суровини согласно постојната законска регулатива не во прашања за кои е надлежна општината, туку за тоа одлучуваат органите на централната власт односно Владата и надлежното министерство за прашања од областа на минералните суровини.
Уставот го гарантира правото на на локална самоуправа, издигајКи го на ниво на темелна вредност на уставниот поредок. Мегутоа, правото на гра{аните на локална самоуправа, односно правото на гра{аните да ја остваруваат власта на локално ниво преку форми на непосредно одлучување како што е референдумот не е неограничено по својот предмет, односно тоа може да се однесува само на прашања што се од надлежност на општината, во коишто не спаеа одлучувањето за експлоатација на минералните суровини. Законското решение за овие прашања да одлучува Владата, односно надлежното министерство, според наше мислење е оправдано ако се има предвид дека минералните суровини независно од тоа каде се наогаат се во сопственост на државата односно Републиката и тие имаат стратешко значење за нејзиниот развиток. Иако конечното одлучување по овие прашања е во надлежност на централната власт, според наше мислење, посто.јната законска регулатива од областа на минералните суровини дава можност во целата постапка за доделување на концесии за геолошки истражувања и за ек- сплоатација на минерални суровини да биде вклучена, односно консултирана и општината која дава мислење на барање на надлежносто министерство. Во мислењето што според Законот општините се должни да го дадат, тие можат да ги изнесат своите ставови имајКи ги предвид мислењата и интересите на локалната заедница односно локалното население.
Од наведеното несомнено произлегува дека со оспорените одлуки, Советот на Општина Босилово, спротивно на наведените закони, распишал локален референдум за прашање што не е во негова надлежност, односно за прашање за кое тој не е овластен со закон да одлучува, со што постапил спротивно на Амандман XVll од Уставот, како и спротивно на членовите 20, 28 и 36 од Законот за локалната самоуправа и на членовите 2, 36 и 38 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граеаните, поради што Уставниот суд утврди дека основано може да се постави прашањето за уставноста и законитоста на оспорените одлуки.
10. ТргнувајКи од наведеното, Судот одлучи како во точката I од оваа одлука.
Оваа одлука Судот ја донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот, Никола Ивановски и судиите: Елена Гошева, Јован Јосифовски, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, Вангелина Маркудова, Сали Мурати и Владимир Стојаноски.
У. бр. 105/2017 Претседател
20 јуни 2018 шдина на Уставниот суд на Република Скопје Македонцја,
Никола Ивановски, с.р.

Total
0
Shares
Поврзани објави