Бугарските културни клубови пред преименување или бришење

Утре истекува рокот за преименување на двата бугарски клуба во земјава, според законот со кој се осудува промовирање фашизам. Од клубот „Цар Борис Трети“ побарале промена, од „Иван Михајлов“ најавуваат тужба. Министерот Османи разговараше со претставници на македонските Бугари.

Ден пред истекување на рокот за промена на имињата на бугарските клубови во земјава, „Иван (Ванчо) Михајлов“ и „Цар Борис Трети“, претставници на македонските Бугари на средбата со министерот за надворешни работи Бујар Османи, зборувале за тоа како да се смират тензиите меѓу Скопје и Софија, и како да ја подобрат соработката.

Имињата на клубовите, само биле споменати, според изјавата на Ѓорѓи Трендафилов, од Граѓанско демократската унија (ГДУ) кој денеска во МНР беше заедно со Љупчо Ѓоргиевски, претседателот на битолскиот бугарски клуб „Иван (Ванчо) Михајлов“.

Трендафилов посочи дека е информиран за тоа дека битолскиот клуб не поднел барање за промена на името и дека ќе се жали до повисоките судски инстанци и Стразбур. Претседателот на бугарскиот културен клуб, Ѓоргиевски пак излезе од задниот влез на МНР, одбегнувајќи ги медиумите. На прашањето на РСЕ за средбата тој само кусо прокоментира дека се одвивала во пријателска атмосфера, но одби да даде повеќе детали иако претходно за Дојче веле најави дека немаат намера да го менуваат името на клубот.

Во МНР немаше претставник на клубот „Цар Борис Трети“ од Охрид, но оттаму пред неколку дена поднеле барање до Централен регистар, за усогласување според новиот Закон за здруженија и фондации.

Total
0
Shares
Поврзани објави