Ужас во Ново Лисиче: Две дечиња оставени сами во автомобил, пронајдени се во лоша состојба

На паркингот на булеварот „Видео Смилевски Бато“, вчера по полноќ биле пронајдени, оставени сами, две мали дечиња во автомобил “алфа ромео”.

Станува збор за братче и сестричка, кои според изјави на очевидецот, биле пронајдени без знаци на живот. Тие се на 7 и 4 годишна возраст.

Таму, според неофицијалните информации, биле оставени, заспани, од еден од родителите. По пројава на соседите МВР интервенирале ги искршиле прозорите од автомобилот и ги извадиле децата.

Дечињата се веднаш пренесени на клиника.

Се чекаат детали од МВР.

Total
0
Shares
Поврзани објави