Двајца мажи na 52 годишна возраст од Куманово попладнево починале од компликации предизвикани од коронавирус. Едниот од нив бил заразен од минатата недела и се лекувал на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Другиот пациент вчера го добил резултатот дека е позитивен и бил на домашно лекување. Денеска на двајцата им се влошила здравствената состојба и починале. Вториот пациент е полицаец кој бил дома поради влошена здраствена состојба. Ден пред да почине ја погребал мајката за која не се знае дали била позитивна на вирусот.
Вечерва од копликациии од корона вирусот починаа двајца кумановци, едниот е полицаец

