ВИДЕО : Дронови над аеродромот Гетвик, хаос во Лондон

Хаос на лондонскиот аеродром илјадници патници заглавени прекинат сообраќајот, неидентификувани дронови го надлетуваат аеродромот.

Британската полиција распореди снајперисти и прати хеликоптери за да ги најдат операрторите на дроновите , кои со часови го надлетуваат аеродромот Гетвик.

Поради вонредната состојба , запрени се сите летови на вториот по големина британски аеродром. Првиот дрон бил забележан околу 11 часот претпладнево , а потоа нивниот број се зголемувал.

Целосно е запрен сообраќајот , со што биле погодени над 110 илјади патници . Полицијата објави дека и натаму е во потрага по операторите на дроновите.

Total
0
Shares
Поврзани објави