Видео: Семејна драма -по налог на извршител избркан од дома со малолетни деца

Денешното присилно иселување е завршница на тригодишна тортура низ која семејството на Бањоглав минува, откако на заем зеле 10.000 евра за подигање на фармата од 100-тина кози.

Како гаранција Бањоглав ја дава куќата под хипотека , по што започнуваат и лошите и незивесни денови за семејството.

Бањоглави тврдат дека се жртвои на лихварски заговор, зашто тие долгот целосно го исплатиле:

„Должевме 600.000 денари, на извршителката се вратени 920.000 денари. Таа досега не ни дала извештај колку пари се уплатени и бара од нас да се иселиме. Јас земав пари на заем од луѓе за да можам да го исплатам долгот и долгот е исплатен“ изјави Ристе Бањоглав

Дополнително, семејството тврдат дека не добиле решение за извршување, ниту право за приговор на кој според законот имаат право.

И покрај ова, личните работи на Бањоглави, денес камионоот ги однесе во стоваршите во Виница . петчленото семејство од кои две малолетни деца, од денес се на улица.

Инаку, Ристе Бањоглав своевремено од државата беше награден како најдобар млад земјоделец. Во 2013 година, беше и непартиски кандидат за градоначалник на Карбинци, кога со околу 100 гласови разлика тогаш изгуби од Зоран Минов од ВМРО ДПМНЕ.

прилогот е сопственост на televizijastar.com

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави