ВИДЕО: Убиствата во Стразбур терористички напад, извршителот побегнал во Германија?

https://www.facebook.com/RTnews/videos/1198621450278178/

Најмалку три лица загинале, а 11 се ранети во терористичкиот напад кој вчера се случи во центарот на Стразбур.

Напаѓачот е идентификуван – станува збор за 29-годишниот Шериф Чекат, а неговиот стан денеска бил претресен во рамки на истрагата за грабеж кој бил извршен ова лето.

Француската полиција го опколила напаѓачот. Француските власти го подигнале нивото на безбедност на “вонредно во случај на напад”, а околу 350 полицајци и два хеликоптера и понатаму трагаат по осомничениот кој со години е радикализиран и два пати го прекршил законот, изјавил утринава министерот за внатрешни работи Кристоф Кастане, додека локалните медиуми наведуваат дека името на осомничениот е Шефир К.

Државниот секретар во француското министерство за внатрешни работи Лоран Нуњез во изјава за радио „Франс интер“, порачал дека е можно напаѓачот да избегал во Германија.

Total
0
Shares
Поврзани објави