Во пукањето со автомати во стомак рането 27 годишно момче

27 годишно момче е повредено во престрелката која се случи поладнево во Скопје. Околу 15 и 30 часот тој е примен во  Клиника за хирушки болести  „ Св. Наум Охридски“. 

Како што дознава Сител, момчето било пренесено со црн автомобил марка Голф до болницата, откако го оставил ранетиот, возачот на  Голфот ја напуштил болницата.   

Според информациите на болницата момчето имало прострелна рана во пределот на стомакот и моментално е хоспитализиран на одделот на интензивна нега и се прават сите неопходни испитувања по што дежурниот лекарски тим ќе одлучи за понатамошниот третман на пациентот. 

Вооружена престрелка се случи попладнево на улица Ордан Чопела во Скопје. Неофицијални се работи за пресметка меѓу две криминални групи.

фото : Сител

Total
0
Shares
Поврзани објави