Вондредна прогноза: Силна бура на Балканот се движи кон Македонија – ДЕТАЛИ

По синоќешната силна бура која ја зафати Словенија и Хрватска доаѓа нова.
Во следните 15тина часови поради продор на студен фронт од север кој ќе се судри со топлата воздушна маса од југ во голем дел од Балканот ќе услови развој на олујни системи кој ќе условат поројни врнежи од дожд, силни грмежи, силен ветер и локална појава на крад кој локално може да биде и од поголема величина.
Најризично ќе биде во делови од Словенија а особено во поголем дел од Хрватска, Босна како и северна и западна Србија.
Во Македонија особено на планинските места ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер а не се исклучува можноста и за редок град.
Нестабилност со врнежи и грмежи ќе има услови и во делови од Бугарија.
На грѓаните им се препорачува крајна претпазливост ПОРАДИ ГОЛЕМИТЕ УСЛОВИ за ОПАСНИ МЕТЕОРОЛОШКИ ПОЈАВИ.
Во текот на невремето можни се и локални ПОРОЈНИ ПОПЛАВИ.
Условите за нестабилност на повеќе места како и услови за локално невреме кај нас во Македонија растат за време на овој викенд.
Оваа прогноза е на познатиот метеролог Славчо Попоски.

извор: Славчо Попоски

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави