WizzAir наградна игра измама од Бразил, нападнати сметки во македонски банки !

Според податоците од утринава кои досие.мк ги доби од неколку големи банки понудата за награда два авиобилети за еден долар како понуда од авиокоманијата WizzAir е измама. Името на авиокомпанијата логото и сите податоци се злоупотребени. Ваква наградна игра авиокомпанијата не организирала туку се работи за вешти измамници за кои првично може да се потврди дека компјутерски напаѓаат од Бразил. Она што  го потврдија од банките е дека засега не е пријавена поголема штета на платежна картичка , но сепак телефоните во банките се прегреани од јавувања на корисници кои ги блокираат картиците. Парите односно еден долар кои треба да се платат за да се добие наградата, бидејќи уште е рано, се уште се во резервација кај банките , па затоа коминтентите брзаат да ја стопираат реализацијата, појаснија од центар за работа со картици и грижа за корисници од Комерцијална банка.

Оваа наградна игра се појави пред два дена на социјалната мрежа Facebook и до сега на апликацијата кликнале над 35 000 луѓе од Македонија.  Услов за да се добие награта е да се кликне на апликацијата да се внесат податоци од платежна картичка и да се уплати еден долар.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави