За десет дена Шилегов ќе ги отстрани галиите од Вардар

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов вчера најави дека до крајот на идната недела ќе се отстраната од реката Вардар галиите изградени од поранешната власта.

„Ние имаме ингеренции само за галиите и неколку други споменици. До крајот на другата недела нема да има пречка да се отстранат, се надевам“, изјавил Шилегов заТВ24.

Тој повтори дека градот нема да даде согласност за градење на „шпански скали“, која според него, е невидена глупост,

„Тревникот меѓу плоштад и ГТЦ чинел пола милион евра, тоа беше спин на опозицијата“, обвинува Шилегов.

Според него, постои обид да се девастира нешто што е направено квалитетно.

„Се што е зелено треба да е зелено и скали да одат накај фонтаната. Треба човек да не е здрав за да прифати вакво нешто“, додал скопскиот градоначалник.

Total
0
Shares
Поврзани објави