Во Кривичниот суд втор ден продолжува судскиот процес за тероризам за Крвавиот четврток односно упадот во Собранието на 27 април лани. Денеска адвокатите ги изнесуваат своите воведни говори.
Пред почетокот на процесот дел од нив се пожалија дека нивните клиенти односно осумтемина кои се носат од притвор од затворот Скопје, не добиваат храна и вода. Цел ден се во судот и ниту затворот ниту некој смее да им подаде јадење, а судењеата траат од рано изутрина до многу доцна попладне. Судијаката кажа дека е запознаена со проблемот ќе се потруди да се обезбеди вода, но за храна рече дека од безбедносни причини и бидејќи е многу топло не може да ја добијат.
Прв денеска зборуваше адвокатот Дончо Наков кој за своите штитеници вели дека низ докази и сведоштва ќе го побие обвинението тероризам, особено за пратникот Љубен Арнаудов кој е познат лекар и спасил многу животи за сега одеднаш да стане терорист. За богдан Илиевски и останатите што ги брани кажа дека не може да бидат терористи со искажан збор, или како што кажа адвокатот делото тероризам е сторено со зборови.
Поврзани објави
Пропадна денешниот избор на обвинители за тимот Русковска, немаше кворум
Пропадна изборот на пет обвинители во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција со кое раководи Вилма Русковска…
Заштитен сведок препозна двајца обвинети од “Монструм”
На денешното судско рочиште за предметот на СЈО „Монструм“, загрозениот сведок дава исказ во судницата. Сведокот со кодно…
Чавков ќе се брани од слобода, потврди Апелација
Апелациониот суд ја одби жалбата на обвинителството за прифатената гаранција Митко Чавков обвинет за настаните од 27 април…
Екс шефот на ДИК од СДСМ Чичаковски ќе биде судија во Управен суд , огласот скриен?
Александар Чичаковски поранешниот претседател на Државната изборна комисија според извори на ДОСИЕ ќе биде судија во Управниот суд.…