Заев ја обвини Бугарија за кршење на договорот за пријателство

Премиерот Зоран Заев очекува Бугарија да ја блокира Северна Македониија да почне преговори за членство со Европската унија.

„Ова е прво непријатно чувство. Треба да бидеме паметни и да го решиме спорот на пријателски начин, денеска е испратена не така пријателска порака од соседна Бугарија првиот чекор е блокиран“,изјави Заев.

Заев ја обвини Бугарија за прекршување на членот 2 од договорот за пријателство, кој ја обврзува Софија да не поддржи на патот на евроинтеграцијата.

Тој е среќен што сме ја обезбедиле поддршката на Германија, како претседавач со ЕУ и повикува да не треба да се прави драма иако Бугарија праќа неубава порака.

Според него, има уште надеж дека работните групи може ќе ги приближат ставовите, а како шанса е и средбата со Борисов во понеделник.

Total
0
Shares
Поврзани објави