Заев заинтересиран за течниот гас од терминалот во Грција

Премиерот Зоран Заев најави вклучување на земјата во изградбата на терминалот за течен природен гас во близина на Александропулос.

По средбата со помошникот државен секретар за енергетика на САД Францис Фанон, Заев рече дека изразил интерес за акционерско учество на изградбата на терминалот во Александропулос со цел да дојдеме до поефтин и постабилно снабдување со гас од Азербејџан.

Тој вели дека се разговара со Хелен ик-Петролеум за повторно функционирање нафотоводот Солун-Скопје од кој со деривати ќе можат да се снабдат и соседни земји.

Американскиот гостин Грција го претстави како нов енергестски предводник со инфрастукра за прием на нови ресурси, каде ќе се приклучат и други помали земји со цел економски напредок на сите.

Тој смета дека Северна Македонија во проектот е важна во однос на географијата како регионален центар и вети дека ќе ги поттикне американските инвеститори да вложат кај нас.

–САД има долгорочен интерес за безбедноста на енергетиката во однос на зависноста од енергија и многу години всушност од времето на претседателот Реган сака да промовира диверзификација на енергија и се создава еден таков круг на опции и се создава и пазар. Ако имате само еден извор немате пазар, туку зависност, истакна Фанон.

Total
0
Shares
Поврзани објави