Двајца параглајдеристи кои загинаа на Мачкин камен најверојатно паднаа поради тежок здраствен проблем на едниот. Според првичните сознанија на истрагата тие загинале при скок и само што почнале да летаат се случила трагедијата. Најверојатно едниот од нив во моментот на залет за скок и полетување добил мозочен или срцев удар и во возух го повлекол и вториот параглајдерист. Поради немање контрила врз леталото и двајцата паднале од што првиот починал на самото место , а вториот во болница во Прилеп бидејки задобил тешки повреди. Едниот е од Украина а другиот од Велика Британија. Полицијата се уште ја истражува несреќата и ќе се прави обдукција на телата за детална анализа како при скок да се срушат и двајацата параглајдеристи.
Загинатите параглајдеристи паднале поради излив на првиот кој го повлекол вториот
