Заменик-директорот на кумановската болница има коронавирус

Заменик директорот на кумановската болница Илбер Исуфи на неговиот  Фејсбук профил информира дека е позитивен на коронавирусот.

Исуфи во објавата вели дека и тој и неговото семејство се чувствуваат добро.

-По неколкуте симптоми на коронавирусот, го направив тестот и пред два дена го добив резултатот, кој е позитивен, пишува Исуфи.

Тој апелира до граѓаните на Куманово и Општина Липково да останат дома, да не се собираат во групи, бидејќи, вели, секој од нас е одговорен за последиците.

Total
0
Shares
Поврзани објави