Жан Митрев сака да помогне во справувањето со пандемијата

По најавата за прогласување на кризна состојба, Жан Митрев излезе со поддршка на владата за ставање на сите расположливи капацитети на располагање за соочување со кризата со пандемијата на коронавирусот.

Митрев потсетува дека уште од самиот почеток на пандемијата во месец март, понудиле 40 болнички кревети за интензивна нега за потребите на државата.

„Во меѓувреме, ситуацијата со бројот на ковид-пациенти ескалираше. Свесни сме дека состојбата е тешка и со месеци наназад, како во јавното здравство така и кај нас, имаме огромен притисок од пациенти. Нема слободен кревет и има листа на чекање, која секојдневно се зголемува“, вели Митрев.

Митрев предупреди дека медицинскиот персонал е веќе изморен и дел од нив веќе се во изолација.

„Моментално 80 кревети се пополнети и имаме над 30 пациенти, кои чекаат да добијат слободен кревет. Како се отпуштаат оздравените на дневно ниво, така се пополнуваат сите кревети“, вели тој и додава ситуацијата е навистина сериозна и дека целиот тим се ставаат на располагање да помогнат.

Total
0
Shares
Поврзани објави