Жена прегазена во кругот на Клиника

Вчера во 11,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на сервисната улица во кругот на Комплекс клиники “Мајка Тереза“ патничко моторно возило “Пежо-206“ со скопски регистерски таблици управувано од Х.Н.(29) од Скопје удрило во пешак А.Г.П.(69) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.Г.П., која со истото возило била пренесена во Ургентниот центар при Комплексот клиники.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

IN MEMORIAM: Почина Ратка Димитрова

Ратка Димитрова, пратеничката од првиот парламентарен состав, почина на 80-годишна возраст. Таа беше координатор на првата пратеничка група…