Зибери на албански ја презнтираше владината програма и вети мултиетничка химна и задолжително учење албански јазик

Мултиетничка химна, задолжително учење албански јазик, ветинг за сите, флексибилно работно време, фонд за млади и иновации, се само некои од приоритетите на владината програма на ДУИ која на отворено пред владата ги изложи кандидатот за прв премиер Албанец, Насер Зибери.

На улицата пред владата на  видео бим беа испишани на албански и на македонски јазик битните програмски определби на владата на ДУИ. Зибери ја изложи програмата само на албански јазик во присуство на 10 министри.

Меѓудругото Зибери вети дека во првите 100 дена од владеењето  ќе направат економско закрепнување, враќање на ДДВ за еден месец, консензуално одлучување со врзан потпис, 13 август денот на потпишувањето на Рамковниот договор да биде државен празник.

izvor: Плусинфо.мк

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Ексминистерката за култура со службената картичка во Лондон купувала подароци, куфери, хулахопки и чорапи – тврди ВМРО-ДПМНЕ

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со обвинувања кон пратеничката на СДСМ и ексминистерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која, како…