Почина Горан Гаврилов, сопственик на Националното радио Канал 77

По кратко боледување денеска почина Горан Гаврилов, сопственик на Националното радио Канал 77, познат медиумски работник, основач на Асоцијацијата на приватни електронски медиуми во Македонија и човек кој активно учествуваше во иницијативите за регулирање на електронските медиуми во земјава.

Гаврилов имаше 54 години. Како еден од пионерите во медиумскиот простор по осамостојувањето на Македонија, тој го основа Радио „Канал77“ во 1991 година кое прво работеше како локално радио, а во срeдината на деведесеттите години гради мрежа за покривање на целата територија на земјата. Кусо време беше и директор на МПМ.

Извор: nezavisen.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Одлуката за отворање на границите е тешка, појавата на новите случаи со ковид-19 може да се менаџираат со рана детекција, вели Фабио Скано

„Особено сум импресиониран од посветеноста на здравствените работници, официјалните здравствени лица и сите оние кои неуморно работат за да ги заштитат луѓето од ковид-19. “, рече Скано.