Вирален хит ФОТО: Чудното и непријатно ракување на Доналд Трамп и Макрон

Во текот на годините Трамп и Макрон како постојано да си ја мерат силата стискајќи се пресилно при ракување и провоцирајќи се. Овој пат двајцата претседатели повторно имаа хит ракување, и тоа не едно, туку три во ист ден.

Американскиот претседател Доналд Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон чудно и непријатно се ракуваа трипати за време на нивната средба во Вашингтон, каде дискутираа за воената состојба на Русија и Украина.

Нивните непријатни ракувања не се новост, а тие имаа такво вирално ракување и во 2017 година кога изгледаше како да се држат за раце цела вечност, но и многупати потоа.

Овој пат првото ракување им траеше 12 секунди, додека позираа за фоторепортерите.

Потоа, непријатна ситуација имаше и во овалната соба кога Трамп му ја стави раката на Макрон на ногата, а нему не му се допадна овој физички контакт, па го претвори во уште едно ракување.

И последното и трето непријатно ракување за време на нивната средба се случи на прес конференцијата за новинари каде Трамп чудно му ја извртува раката на Макрон.

Total
0
Shares
Related Posts