„Газпром“ тврди дека го прекинал снабдувањето со гас за Бугарија и Полска

Бугарскиот министер за енергетика Александар Николов, пак, како што пренесуваат бугарските медиуми, утрово изјави дека се проверува дали има вистински прекин на испораката на руски гас и рече дека повеќе информации ќе соопшти по состанокот во Владата

Руската енергетска компанија „Газпром“ соопшти дека целосна ја прекинала испораката на гас и за Бугарија и за Полска, откако двете земји одбија да почнат да плаќаат во рубли, јави Би-би-си.

Претходно, и од двете држави соопштија дека добиле официјални известувања од рускиот снабдувач на гас дека испораките ќе преминат.

Најавата на „Газпром“, пишува Би-си-си, доаѓа по конфузијата која настана рано утринава кога информациите говореа дека испораката на гас до Полска преку Белорусија привремено е прекината, а потоа истата продолжила.

Бугарскиот министер за енергетика Александар Николов, пак, како што пренесуваат бугарските медиуми, утрово изјави дека се проверува дали има вистински прекин на испораката на руски гас и рече дека повеќе информации ќе соопшти по состанокот во Владата.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

МВР потврди: Трите лица се пронајдени починати во автомобилот марка BMW кој беше извлечен од Лепенец во деноноќната акција на тигрите

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска (18.06) од страна на полициски службеници од Специјалната антитерористичка…