Детали за пукањето во Чаршија: Еден в станица, еден в болница

Едно лице е повредено во инцидентот кој се случил вчеравечер во Старата скопска чаршија.

Како што информираат од СВР Скопје за „Република“, околу 23.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Е.Е.(30) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, поради сомнение дека околу 22.00 часот пред угостителски објект на ул.„Казанџиска“ во Скопје пукал од огнено оружје и му нанел повреди на С.Б., исто така, од Република Турција.

М.Е.Е. бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Зибери е разрешен поради неговата изјава, нема да дозволам да се политизира работата на Комисијата за заразни болести, вели Филипче

Директорот на Центарот за јавно здравје Скопје Арбен Зибери е разрешен од функцијата, соопшти Министерството за здравство. За…