Израел откри тунел на границата со Газа долг над 4 километри

Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари соопшти дека во близина на границата со Израел e откриен тунел со должина од над 4 километри и истиот го опиша како „подземен град на теророт“.

Откривањето на тунелот во близина на преминот Ерез покренува повеќе прашања за тоа како израелскиот надзор можел да ги пропушти таквите очигледни подготовки на Хамас за смртоносниот напад на 7 октомври што предизвика војна која беснее повеќе од 10 недели.

Влезот до тунелот е на само неколку чекори од преминот Ерез и блиската израелска воена база. Војската соопшти дека тој се поврзува со широка тунелска мрежа низ Газа и е доволно широк за низ него да поминуваат автомобили.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Откако влегле во секта, се повлекле во изолација, децата ги немало во матична евиденција – детали за родителите кои ги закопале своите бебиња кај Вараджин

Претпладнево во Вараждин започна распит на родителите на двете бебиња чии тела беа пронајдени закопани во дворот на…