Илон Маск влезе во Твитер и ги отпушти менаџерите

Американскиот милијардер Илон Маск и официјално стана сопственик на социјалната мрежа Твитер, по неколкумесечни преговори со акционерите.

Откако ја презеде компанијата, Маск отпушти неколку менаџери во компанијата и најави дополнителни отпуштања, пренесува Ројтерс.

Меѓу отпуштените се извршниот директор на Твитер Параг Агравал, финансискиот директор Нед Сегал и шефот за правни прашања и политика Виџај Гаде.

Маск претходно го обвини претходното раководство дека ги довело во заблуда него и инвеститорите за бројот на лажни сметки на платформата.

Откако го презеде Твитер, Маск објави дека сака да ги „победи“ спам-ботовите и јавно да ги стави на располагање алгоритмите кои одредуваат како содржината им се презентира на корисниците и спречуваат платформата да стане место на омраза и поделби.

Маск се уште нема дадено детали како ќе го постигне сето ова и кој ќе ја води компанијата.

Твитер ја прифати понудата на Маск од 44 милијарди долари во април, но во меѓувреме имаше несогласувања и меѓусебни обвинувања меѓу компанијата и Маск.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Струјата ќе поскапи за 3,5 до 4 проценти, а зголемувањето на ДДВ-то ќе влијае со плус 4,72 отсто доколку се прифатат барањата на енергетските компании

Трите енергетски компании ги доставија своите барања до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за цената…
Повеќе

Oглас за приватните превозници за истите линии за кои Арсовска тврдеше дека ЈСП има капацитет да ги покрие

После постигнатиот договор помеѓу градоначалничката Данела Арсовска и приватните автобуски превозници, Град Скопје распиша нов оглас за доделување…