Нови дојави за бомби во скопски училишта

Дојави за поставени бомби пристигнале утринава во неколку скопски училишта, потврдуваат од МВР. Дојави за бомби, според сознанија, пристигнале во основните училишта „Љубен Лапе“ и „Браќа Миладиновци“, „Александар Македонски“ и „Лазо Ангеловски“ во населбите Аеродром и Ново Лисиче. Полицијата прави антитерористички проверки. Евакуирани се и учениците од гимназијата „Георги Димитров“.

Во ова училиште и вчера имаше дојава за бомба. Вчера имаше дојави за 15 бомби во училишта. Досега сите дојави за поставени бомби беа лажни.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Јавното обвинителство поканува на средба претставници на семејствата на загинатите од Плус кои би сакале подетално да се запознаат со сите аспекти на истражната постапка

Семејствата на покојните од трагедијата во Кочани ќе организираат ,,Марш за ангелите” за ден 29.04.2025 година (вторник) со…