Планинари се изгубиле на Шар Планина, полицијата ги пронашла по половина час потрага

Дванаесеттемина планинари за кои вчера било пријавено дека се изгубени во планинскиот предел на Шар Планина доцна синоќа биле пронајдени, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Дека со планинарите не може да се воспостави контакт било пријавено вчера во 21:35 часот на единствениот повикувачки број 112. Последната локација, како што информирал пријавителот, на која биле регистрирани планинарите била во месноста Три Чешми во близина на границата со Косово.

Од ЦУК велат дека планинарите биле пронајдени половина час подоцна, во 22:05 часот.

Планинарите вчера тргнале на Шар Планина над Општина Теарце кај селото Пршовце, а со цел да одат во местото викано Доброшки Езера.

Денеска за потрагата по планинарите информираа и од Министерството за внатрешни работи (МВР) од каде што рекоа дека планинарите биле пронајдени во добра здравствена состојба и оти биле пренесени во тетовската клиничка болница на преглед.

„На 3.11.2024 во 22:10 часот над селото Пршовце, Тетовско, по преземени мерки и организирана потрага, полициски службеници од СВР Тетово во добра здравствена состојба ги пронајдоа 12-те планинари од селата Боговиње, Лисец, Раковец, Пршовце и Тетово, за кои во 21:30 часот А.Р. од тетовско Боговиње пријави дека не можел да стапи во контакт со нив. Лицата биле пренесени во Клиничката болница Тетово на преглед“,стои во соопштението од МВР.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Антикриорупциска комисија: Министерот Филипче може да го смени од функција директорот на Центарот за јавно здравје Зибери

„Четири месеци градиме доверба и работиме транспарентно. Во ниеден момент не донесовме политички мотивирани одлуки и ова вие добро го знаете. Вашата изјава е неточна, штетна и пред сѐ неколегијална, што исклучително ме загрижува“, вели министерот Филипче во одговор на обвинувањата од директорот Зибери