Почина пациентот од комбето на Брзата помош чии вработени пиеја кафе на бензинска

Почина пациентот од комбето на Брзата помош чии вработени пиеја кафе на бензинска, објави „Слободен печат“.

Пациентот починал неколку дена по транспортoт. Бил во терминална фаза на карцином и го транспортирале од Скопје до Струга.

Во екипата која била задолжена да го транспортира пациентот имало лекар, медицинска сестра и возач.

Снимката од бензинската пумпа е направена на денот на транспортот, во понеделникот на 14 август.

Вчера министерот за здравство Фатмир Меџити изјави дека ќе го разгледа случајот за кој беше информиран од новинарка.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Катица си оди дома

Телма дознава дека Катица Јанева ќе оди во куќен притвор во станот на синот во Скопје. Апелациониот суд…
Повеќе

Воз излета од шини

Поради одрон на пругата кај Лакавица изутринава од шините се излизгал патничкиот воз што сообраќа на релација Кичево-Скопје,…