Почина познатиот композитор Корнелие Ковач

Познатиот српски композитор Корнелие Ковач почина денеска на 81-годишна возраст во Белград.

Легендарниот музичар бил позитивен на коронавирус и бил сместен во ковид болницата во Батајница.

Корнелие Ковач беше српски композитор, пијанист, аранжер. Роден е во Ниш во 1942 година, а својата прва композиција „Пусти тротоари“ Ковач ја компонирал веќе на 14-годишна возраст – во 1956 година.

Откако бил во многу босански оркестри, тој се приклучи на најпопуларниот сараевски рок-бенд, „Индекси“. Со нив бил на двомесечна турнеја во Русија.

Корнелие Бата Ковач станал член на „Индекси“ во 1966 година.

Total
0
Shares
Related Posts