Република Бугарија отсекогаш била отворена за дијалог со Република Северна Македонија, затоа очекувам овој дијалог да придонесе кон наше културно зближување, но и да ја поттикне економската соработка и туризмот. Ова денесака го изјави бугарскиот претседател Румен Радев при негова посета на авиобаза, а пред да ја оствари предвидената средба со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која е во официјална посета во Софија.
Како што пренесува бугарската национална агенција (БТА), Радев очекува Република Северна Македонија да ги исполни сите обврски што ги презела кон Република Бугарија и кон Европската Унија, со што, како што рече, ќе можеме целосно да ги градиме нашите взаемни односи.
Според бугарскиот претседател, Владата во С Македонија се уште не ја напуштила предизборната реторика.
„Нека се смират страстите и нека се вратат на реалноста. А нашите односи ќе продолжат да се градат врз основа на склучените договори и заклучоци на Советот на Европската Унија“,вели тој.
Радев смета дека ангажманот на раководството на Северна Македонија во врска со Коридорот 8 ќе биде јасен индикатор за вистинските европски амбиции на земјата, како и за поголема поврзаност и безбедност во регионот.
„Очекувам дека изразената желба за дијалог и разбирање од страна на претседателката Сиљановска-Давкова ќе остане како доследна политика на владата на С Македонија. Ние строго го следиме протоколот“,вели тој.
Посочи и дека на ред е негова официјална посета на Скопје, а за реализаицја на тоа прашање најави дека ќе разговара на средбата со макеоднската претседателка.
Сиљановска-Давкова денеска во посета на Софија – прва средба со бугарскиот претседател Румен Радев
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска е во официјална посета на Република Бугарија.
Според најавите од нејзиниот кабинет, предвидено е во Софија да оствари средба со бугарскиот претседател Румен Радев и да присуствува на операта „Набуко“ од Џузепе Верди во изведба на Македонската национална опера и балет (НОБ) во Софиската опера и балет.
Инаку, средбата на претседателите на двете земји доаѓа по серија заострени изјави од двете страни. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е за одблокирање на евроинтегративните процеси и дека посветено ќе работи на таа агенда, но дека од бугарска страна треба да има партнер со кого ќе може да се комуницира.