Се јави Шади Салех: По грешка сум на списокот од болницата – пронајден осмиот мистериозен патник

Бугарските медиуми доцна синоќа објавија дека е разоткриена мистеријата зошто има несовпаѓање меѓу списокот на повредени во несреќата во „Пирогов“ и списокот на патници на македонската туристичка компанија.

Во редакцијата на БНТ се јавил Шади Салех чие име се споменуваше како патник меѓу преживеаните. Тој објаснил дека тоа нема никаква врска со несреќата. 

Салех бил бугарски државјанин, а во саботата бил примен на трауматолошкиот оддел на Пирогов поради скршеница на раката. Излегува дека во клиниката по грешка го внеле во списокот со повредени од автопатот Струма. Салех веќе е отпуштен од болница.

Забуната со името на Шади ал-Салех на списокот предизвика многу шпекулации за тоа кој е мистериозниот „осми патник“ кој ја преживеал несреќата. Синот на еден од возачите на автобусот, изјави дека го видел името на ал-Салех напишано покрај имињата на другите преживеани.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Бојкотот никогаш не е решение, само ги збунивте оние што сакаа да гласаат „против“, вели Дескоска на отворените прашања од професорката Бузалковска од ФДУ

Министерката за правада Рената Дескоска вели дека Министерството за правда нема никаква надлежност над контрола на законитоста на…
Повеќе

Земјотрес во Охрид

Утрово во 3:26 часот бил регистриран земјотрес во близина на Охрид со јачина од 3,1 степен според Европската макросеизмичка скала. Епицентарот бил…