Сестрата на Ким Џонг-ун со порака до САД – Ќе бидете разочарани

Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ја отфрли можноста за продолжување на дипломатските преговори со САД, додавајќи дека тоа ќе доведе до уште поголемо разочарување.

Ким Јо-јинг ова го изјави откако американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан ги опиша како „интересни сигнали“ од неодамнешната изјава на севернокорејскиот лидер, дека неговата земја е подготвена и за дијалог и за конфронтација, но повеќе за конфронтација, пренесуваат светските агенции.

„Се чини дека САД ја толкуваат оваа ситуација како утеха за себе. Очекувањето избрано од САД е погрешен пат и тоа ќе доведе до уште поголемо разочарување“, рече сестрата на Ким.

Ким Џонг-ун неодамна изјави дека судбината на дипломатијата и односите со Соединетите Американски Држави зависи од тоа дали Вашингтон ќе се откаже од, како што вели, непријателската политика.

Претходно беше оценето дека неговата земја мора да се подготви и за дијалог и за конфликт со САД под претседателство на Џо Бајден.

Говорејќи за стратегијата на Вашингтон за време на пленарната седница на партијата, тој истакна дека земјата мора да се подготви и за дијалог и за конфликт, особено мора да биде целосно подготвена за конфликт.

Тој повика на остар и брз одговор околу можностите што брзо се менуваат и на напорите да се фокусираат на стабилно преземање на ситуацијата на Корејскиот полуостров, објавија медиумите.
Џо Бајден не ја исклучи можноста еднаш да се сретне со Ким Џонг-ун, но посочи дека тоа нема да го стори без неговите јасни ветувања.

makfax.com.mk

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Се оддава почит на настраданите во подморницата „Титан“: Нашите срца се со семејствата на загинатите, соопшти Белата куќа   

Американската морнарица открила „акустична аномалија која наведува на имплозија“ само неколку часа откако подморницата го започнала нуркањето во неделата, пишува…
Повеќе

Роман Абрамович отруен

Портпарол на рускиот милијардер Роман Абрамович потврди за неговата влошената здравствена состојба откако наводно бил затруен за време…