Собранието го избра Азир Алиу за нов министер за здравство

Азир Алиу и официјално избран за нов министер за здравство, Албрим  Хоџа пак заменик министер за земјоделство. 

За парламентарното мнозинство вистински избор за опозицијата политиканство вака течеше собраниската расправа на која народните избраници дебатираа за изборот на новите членови на влада. Предлогот за министер за здравство да биде Азир Алиу и заменик министер за земјоделство Албрим Хоџа на почетокот на седницата  ги образложи најпрвин премиерот Мицкоски.

Опозицијата пак критикуваше дека новите имиња ќе бидат дел од како што велат влада која не се справува добро ниту со здравството ниту со останатите сектори а само ги задложува македонските граѓани кои остануваат додека оние другите како и здравствен персонал се почесто заминуваат од земјата поради безидејност и лошо менаџирање со предизвиците на актуелните власти. Парламентарното мнозинство пак со контра аргументи крајно време било да се стави точка на режимот како и до сега.

Поради се уште немање на предлог од владата за изборт на заменик министер за одбрана оваа точка не беше ставена на дневен ред, но се очекува дека наскоро ќе има предлог и за оваа функција. Испразнетите места на овие позиции во владата се резултат на заминувањето на сега веќе екс министерот Арбен Таравари кои излезе од коалицијата со Влен, а со неговото излегување ги повлече и овие места.

извор: tv24.mk

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Судска медицина: Причината за реобдукција покажува дека ОЈО и колегите кој го прегледале телото немаат елементарни познавања од судска медицина, познавања кој треба да ги има секој обвинител

По пронаоѓање на телото на ден 07.06.2022 година околу 19.00 часот бил извршен увид на местото на настанот…