Срцето на почината 42 годишна жена , почна да чука во градите на човек кој добива втора шанса за живот

Срцето на нашата хумана сограѓанка продолжи да чука во градите на човек кој добива втора шанса за живот ❤️ Органодарителството е највисок акт на хуманост. Држиме среќа телото да го прифати новиот орган.

По интензивни подготовки во текот на ноќта, рано утрово беше завршена експлантацијата на срце и бубрези од донорот. Сите неизмерно благодариме и се поклонуваме пред огромната човечка хуманост на 42 годишната пациентка која ја загуби битката со животот ѝ ја исполнуваме нејзината последна желба – нејзините органи да бидат донирани. Трансплантацијата на срце се врши кај пациент кој подолго време е на листата за трансплантација, а бубрезите ќе бидат трансплантирани кај двајца пациенти на 40 сетина години кои се на дијализа. На моите колеги од КАРИЛ, Клиниката за каридохирургија, Клиниката за урологија, Клиниката за кардиологија, Клиниката за нефрологија, Институтот за трансфузиона медицина и Институтот за радиологија. информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Момчето на прегазената девојка во Скопје: “Го извикував нејзиното име, но таа не реагираше- се надевав дека не е најлошото”

Четврток, 20 јануари. Додека Леонид бил на работа, неговата девојка Викторија, учела за постдипломските студии. Попладнето, заедно го подготвиле омиленото…
Повеќе

Почитуван премиер Зоран Заев јас сум многу разочарана и гневна, бидејки ми ветивте, но тие што требаше да го реализираат ветувањето не го исполнија

Снежана Караџовска , жената која во сообраќајка ги изгуби двете нозе му пиша отворено писмо на премиерот. По…