Возачот на мотоциклот „Кавасаки“ кој усмрти пешак и побегна без да му укаже помош, ќе го чека епилогот од истрагата дома бидејќи судија на претходна постапка, од Кривичниот суд, не ја уважи предлог-мерката на обвинителката која бараше ефективен притвор, односно возачот кој беше во бегство, да биде спроведен во затворот во Шутка.
Засега не се познати деталите од решението, односно, зошто судијата се решил лице кое беше во бегство, да го остави во куќен притвор. Од Обвинителството посочуваат дека жалбата за ваквата мерка е веќе дадена и се чека одлуката на Кривичниот совет. Обвинителката инсистира на мерка ефективен притвор.
Според информациите осомничениот има досие за насилство и перка од време на Ковид кризата.