Арсовска, како независна кандидатка, против Шилегов

Рокот за собирање потписи истекува на 30 август, а претседателката на ССК, која претходно беше најавувана како можна кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, до вчера не беше на списокот на ДИК со потенцијални независни кандидати

Претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска објави дека влегува во трката за градоначалник на Скопје, како независна кандидатка, а по информациите што кружеа во јавноста дека таа ќе биде кандидатка на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Време е да дејствуваме различно од досега, а времето не чека никого. Доаѓа крајот на политички агенди и лажни ветувања. Политички калкуланти, лаги и корупција континуирано ни ги одземаат шансите за нормален живот. Заткулисни игри предолго го окупираат градот и неговото функционирање, а незадоволството кај граѓаните континуирано се зголемува. Или ќе стоиме на страна или ќе се спротивставиме и ќе почнеме заедно да ги менуваме работите. Партизираност на институциите или одлучност и професионалност за пристоен живот“,

напиша Арсовска на својот фејсбук-профил, споделувајќи и видео преку кое ја објавува кандидатурата.

Во последните три циклуси локални избори, од 2009 година, ВМРО-ДПМНЕ во битката за Скопје настапуваше со Коце Трајановски, кој на последните избори остана без градоначалничкото место, односно беше поразен од Петре Шилегов од СДСМ.

Социјалдемократите и на овие избори го кандидираат Шилегов за градоначалник и очекуваат тој повторно да биде поддржан и од коалициските партнери од ДУИ.

Total
1
Shares

USJE
Поврзани објави