Боки 13 итно хоспитализиран

Поради влошување на здравствената состојба, Бојан Јовановски, е задржан на лекување во болницата за хируршки болести „Св.Наум Охридски“. Тој во болницата бил донесен од затворот „Идризово“, а поради лошата состојба е одлучено да остане на болничко лекување.

Информацијата ја потврди адвокатот на Боки 13, Владимир Туфегџиќ.

-Заради сериозноста на неговата здравствена состојба, лекарите специјалисти од областа одлучија итно да биде задржан на болничко лекување, ни изјави Туфегџиќ.

Боки 13 е осуден на деветгодишна казна затвор за случајот „Рекет“.

Обвинителството го гонеше Јовановски дека земал 1,5 милиони евра од бизнисменот Орце Камчев, за да заедно со екс специјалната обвинителка Катица Јанева го спасат од кривичен прогон за случајот „Империја“ кој го отвори СЈО. Во случајот обвинет беше и Зоран Милевски Кичеец, кој по признание на вина беше осуден на три години затвор.

Total
8
Shares
Поврзани објави