Британската кралица позитивна на ковид-19

Кралицата Елизабета, која има 95 години, е позитивна на ковид-19 и има благи симптоми, соопшти денеска Бакингемската палата, пренесува Ројтерс.

Како што се наведува, кралицата има благи симптоми „налик на блага настинка, но се очекува дека ќе продолжи со полесните должности во Виндзор во текот на наредната недела“.

„Ќе продолжи да добива медицинска помош и ќе ги почитува сите соодветни насоки“, соопшти Палатата.

Total
2
Shares
Поврзани објави