Бугарска „кралица на криптовалути“ на листа на ФБИ десетте најбарани луѓе на светот

ФБИ ја стави исчезнатата бугарска „кралица на криптовалути“ Ружа Игнатова на својата листа на десетте најбарани луѓе на светот. Таа се товари за измама тешка над четири милијарди долари преку нејзината криптовалута уанкоин.

Игнатова се води како исчезната од 2017 година, кога американските власти распишаа потерница за нејзино апсење, а истражителите почнаа да ѝ се доближуваат. Последен пат била видена како се качува во авион од Бугарија за Грција.

Бугарката е барана за водење на уанкоин, при што во 2014 им ветувала провизии на оние кои понатаму би ја продале криптовалутата на други луѓе. Но, агентите на ФБИ утврдиле дека уанкоин е безвреден и дека е всушност пирамидална измама прикриена како криптовалута.

„Таа совршено ја темпираше својата измама, заработувајќи на шпекулациите во раните денови на криптовалутите“, изјави главниот федерален обвинител на Менхетн, Демијан Вилијамс.

Игнатова е единствената жена меѓу десетте најбарани луѓе на ФБИ, кој понуди награда од 100.000 долари за информација што ќе доведе до нејзино апсење.

„Една од причините што тешко ѝ се влегува во трагата на Игнатова е што исчезна со најмалку 500 милиони долари“, кажа Џејми Бартлет, кој со години го истражува случајот.

Total
4
Shares
Поврзани објави