Бугарски експерти: Делницата на автопатот „Струма“ каде изгоре автобусот ја правеше македонска компанија

Делницата од автопатот „Струма“, на која во вторникот рано наутро изгоре автобус при што загинаа 45 лица, била „послана“ од македонска компанија пред неполни 20 години, изјавија сообраќајни експерти од Ќустендил за нова.бг кои се запознати со реализацијата на проектот, пренесе БНР.

Дизајнерот е бугарска фирма, Македонците беа само изведувачи.

Оваа делница кај селото Боснек не е магистрала, туку автопат. Неговата изградба, по добиен тендер, беше доверена на македонска компанија. Но, оваа комплицирана ситуација со чешмата не ја предвидоа Македонците, туку бугарскиот проектант и патните служби, коментираат експертите.

„Значи, не е виновен изведувачот. Инаку, трасата е во добра состојба и добро одржувана“, додаваат тие за нова.бг.

По должината на коловозот сега се прават елементи за зајакнување, а косините од двете страни се обезбедени со силна мрежа, јавува бугарското национално радио.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Во јуни поскапува струјата?

Се крои нова цена на електричната енергија.  Колку ќе биде зголемувањето енергетските  компании се уште калкулираат. Првиот човек…
Повеќе

Докторот Сашко Јовев за “Канал 77”: Не ми никогаш нудено да бидам министер за здравство, но ако тоа  се случи со задоволство ќе го ставам цел свој капацитет на располагање

Кардиохирургот проф. д-р Сашко Јовев сè уште не го потпишал решението за разрешување од директорската функција на државната…