Видео: Марин Ле Пен погодена со јајце во главата

Лидерката на француската партија Национално oбединување и кандидат на неодамнешните претседателски избори во Франција, Марин Ле Пен, денеска беше погодена со јајце во главата додека одела по улица за време на посетата на северниот град Сен Амон Лес.

Ле Пен била гаѓана со јајца од симпатизери на нејзините политички противници, а откако била погодена, брзо била опкружена со обезбедување за да ја заштити.

Видно вознемирена Ле Пен веднаш беше префрлена во канцеларијата на локалниот лидер Гијом Флоркин.

Засега не е познато кој го фрлил јајцето, а Ле Пен не го коментираше нападот, туку им се заблагодари на своите поддржувачи кои дојдоа да ја пречекаат.

Total
6
Shares
Поврзани објави