Видео: Синот на Муса Џафери го нападнал претседателот Регулаторна , Бислимоски

Аријанит Џафери, син на поранешниот функционер на ДУИ Муса Џафери и сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У Пауер“, во понеделникот физички го нападнал претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.

Откако неколку пати го удрил и го влечел Бислимоски, три лица од придружбата на Џафери успеале да го отргнат и сите заедно избегале во непознат правец.

Очевидец на настанот снимил и видео на кое можат да се видат моменти од инцидентот кога Џафери го влече Бислимоски, а потоа бега од местото на настанот.

Причина за нападот е постапката за одземање на лиценца на фирма која се занимава со снабдување со струја.

Сведоци на настанот велат дека Џафери со својата придружба седел на соседната маса до Бислимоски и во текот на вечерта во неколку наврати го провоцирал, но тој не одговарал на провокациите. Потоа седнал до него на масата со објаснување дека сака да поразговара со него, но по неколку минути го нападнал. Џафери барал од Бислимоски да ја запре постапката против неговата фирма, а кога тој одбил, Џафери почнал да го удира по главата. 

Врз основа на пријава од МЕПСО, од каде алармирале дека фирмата „У Пауер“ ја нарушува стабилноста на системот за електрична енергија и неоправдано троши резерви на струја за сопствен профит, од РКЕ одлучиле да поведат постапка против компанијата.

Полицијата и обвинителството најавија постапки.

извор: dw.com.mk

Total
12
Shares
Поврзани објави