ВМРО-ДПМНЕ се налути: СДСМ лаже за наводен бугарски пасош на Арсовска!

Ваквата црна кампања досега е незапаметена и таа е последица на стравот од пораз на Шилегов и Заев. СДСМ дрско лаже и манипулира за наводен бугарски пасош на Данела Арсовска, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во целост ги демантираме ваквите невистини, и ниту една црна кампања, вклучителна и таа во која вмешуваат членови на потесното семејство на Арсовска нема да им помогне да го одбегнат поразот од народот кој им следи.

Потсетуваме дека не е прв пат СДСМ да мавта со лажни обвинувања за бугарски пасоши, тоа станува дел од нивната стратегија додека Заев врши притисоци врз членови на историската комисија да потпишат тоа што Заев во 4 очи договорил да продаде со бугарската власт.

Ваквите лаги нема да го спасат ниту Шилегов од пораз и одговорност за прекумерното богатење додека е на државна функција. 4 стана, 2 хациенти е учинокот на Шилегов како градоначалник и еден тон лажни вести за прикривање на непособноста на Шилегов“, додаваат од опозицијата.

Total
7
Shares

USJE
Поврзани објави