(ВИДЕО) Голема полициска акција на Скопска Црна Гора: Приведени 10 дрвокрадци, запленети 400 кубици дрва

Поради бесправна сеча на дрва, во голема полициска акција на местото викано Рамно на планината Скопска Црна Гора, во вторникот се уапсени десет лица, информира МВР. Уапсените се на возраст од 22 до 51 година.

Во акцијата се запленети околу 400 кубни метри исечено огревно дрво.

На местото биле пронајдени и четири товарни возила натоварени со огревно дрво, едно патничко возило, три моторни пили и други предмети кои биле користени за сеча на дрвата.

„Возилата, дрвата и другите предмети биле одземени за понатамошна постапка, а лицата биле задржани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор“, информира МВР.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Следува викенд без ддв !

Викендот без ДДВ кој го најави Владата, најверојатно ќе се случи следните недели. Но како ќе функционира? Според…