Во Украина до сега убиени 103 деца

Најмалку 103 деца се убиени во Украина од почеток на руската инвазија, истакна украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео пораката објавена на Фејсбук.

Зеленски посочува и дека украинскиите трупи продолжиле да ја гранатираат украинската територија, нивните мирни градови и граѓани.

-Харков и регионот…Бомбардирана е областа на Одеса. Проектили се испалени кон Киев. Погодена цивилна инфраструктура во Запорожје, додава Зеленски.

Украинскиот претседател посочува и дека руските трупи нанеле „стотина пати повеќе штета“ во земјата отколку во Донбас з аосум години војна. До денес во земјата уништени се 400 образовни институции од кои 119 во регионот на Доњецк.

Total
4
Shares
Поврзани објави