Екипа од Универзитетската детска клиника ќе ја истражува причината за респираторни инфекции кај деца во Гевгелија

Екипата од Универзитетската детска клиника од Скопје, предводена од доктор Аспазија Софијанова, денеска по бараната лекарска помош за дечињата со респираторни инфекции, пристигна во Општата болница во Гевгелија да изврши дополнителни испитувања во делот на специфичната дијагностика и поддршка на локалните педијатри.

–Не само во овој регион, туку и во други градови има зголемен број на деца со горнореспираторна симптоматологија. Доаѓаме со комплетна опрема за да земеме цел респираторен панел и точно да утврдите дали се работи за вирус, мутација на вирус или некој вид на паразит но тоа ќе го знаеме откако ќе направиме прелиминарен увид во клиничката слика на дечињата, во дијагностиката што ја носиме со себе и дијагностиката што вчера ја направиле колегите од Гевгелија, рече Софијанова.

Директорот на болницата во Гевгелија, Митко Крџев рече дека моментно се хоспитализирани само две дечиња на одделението во гевгелиската болница, мал дел биле препратени во Скопје и дека 20 дечиња се на терапија, но не се задржани во болницата.

Началничката на детското одделение во Гевгелија, д-р Урумова нагласи дека дечињата се на возраст од 2 до 5 години, воглавно доаѓаат од градинки, за што потврда е намалениот број на деца во градинките.

Total
1
Shares
Поврзани објави