ЕУ забранува увоз на руска нафта: Украина да ја добие војната

Украина мора да ја добие оваа војна, им порача на европските пратеници шефицата на ЕК, Урсула фон дер Лајен. Го претстави шестиот најтежок пакет санкции кој го презема Унијата, во битката против руската инвазија врз Украина. Целта е да се намали европската зависност од руската нафта за што ќе се забрани нејзин увоз. За да не се предизвика шок на глобалниот пазар, ЕУ ќе ја исфрла руската нафта постепено , во исто време барајќи алтернативни патишта за снабдување.

И ЗАТОА ЌЕ ГО УКИНЕМЕ РУСКОТО СНАБДУВАЊЕ СО СУРОВА НАФТА ВО РОК ОД ШЕСТ МЕСЕЦИ И РАФИНИРАНИ ПРОИЗВОДИ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА. ТАКА ГО МАКСИМИЗИРАМЕ ПРИТИСОКОТ ВРЗ РУСИЈА, ДОДЕКА ВО ИСТО ВРЕМЕ, ЈА МИНИМИЗИРАМЕ КОЛАТЕРАЛНАТА ШТЕТА ЗА НАС И НАШИТЕ ПАРТНЕРИ ШИРУМ СВЕТОТ, БИДЕЈЌИ ЗА ДА И ПОМОГНЕМЕ НА УКРАИНА, ТРЕБА ДА СЕ ПОГРИЖИМЕ НАШАТА ЕКОНОМИЈА ДА ОСТАНЕ СИЛНА, ИЗЈАВИ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ЕВРОСПКАТА КОМИСИЈА, УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН.

Унгарија и Словачка се гласни противници на овој пакет санкции, најмногу поради тоа што се сериозно зависни од руските нафтени производи. Иако Фон дер Лајен не ги спомна, можно е тие да бидат изземени и соглсно постоечките договори да продолжат да купуваат руска сурова нафта до крајот на 2023 година.

Комплетна изолација на рускиот банкарски сектор е дел од пакетот санкции. На удар се и најголемите руски банки кои ќе бидат исклучени од глобалниот платежен систем СВИФТ, со што нема да можат да ги извршуваат меѓународните плаќања.

КОНЕЧНО ЈА ИСКЛУЧУВАМЕ ОД СВИФТ СБЕРБАНК. СБЕРБАНК Е ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ РУСКИ БАНКИ. ТАА ДРЖИ ОКОЛУ 37% ОД ЦЕЛИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР. ОД СВИФТ СЕ ИСКЛУЧУВААТ И ДВЕ ДРУГИ ГОЛЕМИ БАНКИ ВО РУСИЈА. СО ТОА ГИ ПОГАЃАМЕ БАНКИТЕ КОИ СЕ СИСТЕМСКИ КРИТИЧНИ ЗА РУСКИОТ ФИНАНСИСКИ СИСТЕМ И ЗА СПОСОБНОСТА НА ПУТИН ДА ИЗВРШИ УНИШТУВАЊЕ, РЕЧЕ ФОН ДЕР ЛАЈЕН.

Идентификувани се уште три ТВ канали како гласноговорници за лагите на Путин, рече фон дер Лајен, и затоа на компаниите за односи со јавност им се забранува комуникација со нив. Санкции се воведуваат и за рускиот црковен поглавар, патријархот Кирил, а меѓу десетиците нови државници, влегува и семејството на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.  На листата се и воени лица осомничени за геноцидот во Буча, кој најмногу го смени мислењето на Европа за овој пакет санкции.

ЗНАЕМЕ КОИ СТЕ, И ЌЕ ОДГОВАРАТЕ, НЕМА ДА СЕ ИЗВЛЕЧЕТЕ ОД ОВА, ДОДАВА ФОН ДЕР ЛАЈЕН.

Ова е втор економски удар кој ЕУ и го задава на Москва од почетокот на војната. Претходно блокот одобри ембарго на увоз на јаглен. ЕУ ја започна и дискусијата за можно ембарго на гас, но за ова нема консензус меѓу членките.

Ќе биде тешко, но мораме, им порача Фон дер Лајен, за што доби воздржан аплауз, што најавува жестока дебата во парламентот, пред овој предлог да биде едногласно изгласан во наредните денови и да стапи на сила. Ако се одобри, ударот врз европските економии ќе биде сериозен, а цената на нафтата вртоглаво ќе расте.

telma.mk

Total
16
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Зибери е разрешен поради неговата изјава, нема да дозволам да се политизира работата на Комисијата за заразни болести, вели Филипче

Директорот на Центарот за јавно здравје Скопје Арбен Зибери е разрешен од функцијата, соопшти Министерството за здравство. За…