Затворен одделот за детски болести во Охрид, кој ќе лекува деца?

Се затвори одделот за детски болести во охридската болница. Нема специјалисти кои можат да лекуваат пациенти. Сега се вршат само амбулантски прегледи со работни време од 8 до 20 часот-а за викенди и останатото време болните дечиња ќе се упатуваат во струшката општа болница. Хоспитализирање нема.

-Останавме само двајца педијатри во цела болница практично неиздржливо е, ние пробавме да работиме еден месец секој втор ден по 24 часа меѓутоа стварно е неиздржливо.Ќе мораме додека се најде некое решение да ја прекинеме работата како одделение со болнички пациенти, изјави Орхан Зекир-педијатар, пренесе Алфа.

Иако ние долго време баравме,15  години не е пуштен доктор да специјализира педијатрија-едноставно не наидовме на разбирање вели доктор Зекир,кој како што рече се’ поизвесно е дека од фебруари ќе остане единственот педијатар во болницата.

-Премногу, премногу непотизам, премногу партиски определби и сето тоа доведува до можноста за бирање на специјализации.Јас кога одев на специјализација мене ми беше речено или педијатрија или ништо.Овдека треба се да биде планирано потребни ни се толку педијатри,ако не сакате на педијатрија нема да одите нигде.Ние сега на сметка не некои специјалности кои што се во хиперпродукција останавме без многу специјалности кои што се потребни, а ги нема.Ние исто кубуриме со анестезиологија, директорот ја затвори и урологија наскоро тоа ќе се случи со транафизиологија, ние сме останати со еден трансфузиолог, вели Зекир.

За ова е известено и Министерството за здравство,се бара начин како да се реши проблемот,можеби со ротација на кадри од други градови-вели директорот на болницата.Но, и тоа ќе биде проблематично бидејќи има недостиг на педијатри и во Струга, Кичево,Битола.Што се однесува на урологија и во овој оддел се вршат само амбулантски прегледи.Поради недостаток на кадар одринира само еден уролог,што е неиздржливо,бидејќи ја опслужува и битолската болница кога има потреба од вршење на операции.

Само оваа година извршени се околу 300 операции на урологија,но ова е привремено,наскоро ќе почнат повторно да се изведуваат операции,вели директорот на охридската болицс доктор Горан Балев.

Total
27
Shares

USJE
Поврзани објави