Лидерот на грчката опозициска Сириза, Стефанос Каселакис повторно е топ тема во Грција.
Како што јавува дописникот на еМагазин од Солун, тој со неговиот сопруг американецот Тејлор Макбет изминативе четири дена правеа свадбена веселба на островот Крит.
Тие пред неколку месеци склучија брак во САД, пред Грција да ги легализира истополовите бракови.
Грчките медиуми и покрај тоа што немаа пристап до веселбата објавија бројни детали, но и фотографии.
На менито во текот на четиридневната веселба имало познати грчки спецјалитети од јагнешко и козјо месо, критски млечни производи, традиционални пити…, а и гостите добиле подароци – локални производи, мед и критско масло со вкус на портокал.
Веселбата се одржа на неколку локации, а главниот чин на давање завети се одржа во градината на луксузната вила, Casa Scordilli, со поглед на заливот Соуда
Гостите ги забавувал познат диџеј од грчкиот остров Миконос.